МВР: За 24 часа издадени 1.590 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-818, Авганистан–328, Ирак-186, додека другите се во помал број...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.590 странски државјани, од кои 860 се од машки пол, 283 се од женски, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 137 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-818, Авганистан–328, Ирак-186, додека другите се во помал број.
За речиси пет месеци издадени се потврди на вкупно 254.959 странски државјани, од кои, 150.720 се од машки пол, 38.623 се од женски, 52.304 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.312 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-157.348, потоа Авганистан-55.913, Ирак-20.750, Иран-6.022, Пакистан-5.355, Палестина-2.130, Сомалија-1.270, Бангладеш-1.206, Мароко-1.204, Конго-514, Либан-429, Алжир-442, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
