Подобро справување и менаџирање на кризните состојби

18.11.2015 12:33

Научните работници и експерти од Република Македонија и од странство денеска на конференцијата „Кризен менаџмент: Предизвици и перспективи“ дискутираа за најважните прашања поврзани со кризниот менаџмент...

Меѓународна научна конференција посветена на предизвиците и перспективите во областа на кризниот менаџмент. Разменети мислења и продлабочување на соработката меѓу различните сектори, во насока на подобро справување и менаџирање на кризните состојби.

Од Центарот за управување со кризи велат дека безбедноста на ниедна од земјите од регионот и Европа, вклучително и Македонија не е гарантирана по случувањата во Париз.

„Ние сами како држава, како институции ќе цениме како ќе се заштитиме и како ќе ја обезбедиме безбедност на нашите граѓани. Ние не би сакале да дојде до поставување на жици и огради зошто тие се антихумани и спротивно на принципите на човековите права. Ако останеме сами и веќе сме приморани се размислува и за такви мерки“, изјави директорката на Центарот за управување со кризи, Сузана Салиу.