Специјалисти од Детската клиника на обука во Германија

18.11.2015 12:37

Првата група лекари на обука во Центарот за едукација за исхрана кај децата ќе заминат на почетокот од идната година...

Четиринаесен специјалисти од Детската клиника кои се занимаваат со проучување на дебелината кај децата ќе заминат на 30 дневна обука во Германија. Искуствата покаже дека тоа е земја од која може многу да се научи- велат лекарите. 

Првата група лекари на обука во Центарот за едукација за исхрана кај децата ќе заминат на почетокот од идната година.

Агенцијата за европски образовни програми и мобилност потпиша договор со Детската клиника за грант во износ од 53 илјади евра.