150 илјади болни од ХОББ во Македонија

18.11.2015 13:06

По повод 18-ти ноември, Светскиот ден на оваа болест, апел од Институтот за белодробни заболувања за поголема физичка активност на болните луѓе...

Во Македонија има 150 илјади болни од ХОББ- хронична опструктивна белодробна болест. Само лани, околу 3.800 болни се јавиле на преглед со оваа дијагноза на Клиниката за пулмологија.

По повод 18-ти ноември, Светскиот ден на оваа болест, апел од Институтот за белодробни заболувања за поголема физичка активност на болните луѓе.

Институтот денеска во Скопје организираше бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.