Продолжува судењето за убиството на Мери Јошевска
Хаџиски е обвинет за убиство сторено во ’93-тата. Во отсуство е осуден на 20 години робија затоа што со 40 убоди со нож, како што тврди обвинителството, ја убил Јошевска во нејзиниот стан...

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиството на Мери Јошевска. Сведочеше нејзината мајка која побара судот да го казни обвинетиот.
Јелица Јошевска нема да бара отштета, затоа што како што вели ништо не може да ја надомести загубата на нејзината ќерка. Каква и да биде пресудата, семејството Јошевски, како што рекоа, единствено се сигурни во Божјата казна.
Хаџиски е обвинет за убиство сторено во ’93-тата. Во отсуство е осуден на 20 години робија затоа што со 40 убоди со нож, како што тврди обвинителството, ја убил Јошевска во нејзиниот стан.
Пред неколку месеци Хаџиски е уапсен и екстрадиран во Македонија по што побара да му се суди одново. На главниот претрес тврдеше дека долго време бил убеден дека го сторил убиството, но повеќе не е сигурен.
