Во Македонија има 150 илјади болни од ХОББ

18.11.2015 15:10

150 илјади болни од ХОББ (Хронична опструктивна белодробна болест) има во Македонија. Само лани, околу 3.800 болни се јавиле на преглед со оваа дијагноза на Клиниката за пулмологија. По повод 18-ти ноември, Светскиот ден на оваа болест, апел од Институтот за белодробни заболувања за поголема физичка активност на болните луѓе...

Недостиг на воздух - тешко дишење, кашлица, најчесто со искашлување на секрет, појава на болка во градите, општа слабост на организмот се симтомите за  опструктивна белодробна болест- ХОББ. Секој 10-ти човек над 40 години страда од оваа болест. Последните податоци покажуваат дека повеќе жени имаат ХОББ. По повод Светскиот ден, од Институтот за белодробни заболувања вршеа превентивни прегледи.

Ризичен фактор број еден е пушењето, но не помало влијание има арозагадувањето, но и генетските предиспозиции. Според лекарите, станува збор за системско заболување кое се преклопува со повеќе болести поради што состојбата на пациентот се комплицира. Во Македонија има околу 150 илјади болни од хронична опструктивна белодробна болест. Само лани, над 3.500 болни се јавиле на преглед со оваа дијагноза. 

Три милиони луѓе во светот секоја година умираат од оваа болест.

 

Наташа Јанчиќ