Лидерот на СДСМ на средби во Словенија
18.11.2015 15:20
На средба со вицепремиерот на оваа земја, Дејан Жидар, разговарале за бегалската криза, како и за соработката на земјите од регионот...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е во посета на Словенија. На средба со вицепремиерот на оваа земја, Дејан Жидар, разговарале за бегалската криза, како и за соработката на земјите од регионот.
Се отворило и прашањето за политичката состојба во Македонија и за излезните решенија. Претходно Заев, со Стопанската комора од оваа земја разговарал за потесни бизнис врски, а одржал и предавање на тема „Вистината за Македонија“.