40 години затвор за трикратниот убиец од Кавадарци
Тони Станоев од Кавадарци доби 40 години казни затвор за убиството на родителите и сестрата на неговата сопруга. Адвокатите на оштетените ќе ја обажалат пресудата. И тие и обвинителството бараа доживотна робија...

Четириесет години затвор за Тони Станоев. Виновен е за три кривични дела убиство. Водејки се по кривичниот закон судијката Тања Милева посочи дека сторената вина на Станоев е од трет степен од правилникот за начин на одмерување на казна.
Семејството на убиените Илија, Билјана и Снежана Леови не се задоволни од изречената пресуда. Сега стравуваат и за сопствената безбедност. Пресудата ќе биде обжалена, вели адвокатот на семејството Леови.
Тони Станоев на 9-ти ноември минатата година со по еден истрел од пиштол во семејната куќа на сега веќе поранешната сопруга ги лиши од живот Илија, Билјана и Снежана Леови.
Дијана Иванова