Оланд: Операцијата во Сен Дени потврди дека ние сме во војна
Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, кој беше на лице место на престрелката, заедно со јавниот обвинител на Париз, Франсоа Молан, потврдија дека се убиени двајца терористи, додека седум се уапсени. Шест припадници на силите на редот се повредени...

„Операцијата во Сен Дени потврди дека ние сме во војна“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, на Конгресот на француските градоначалници, оддавајќи им почит на полициските сили, повикувајќи ги французите на единство и да не се затвораат.
Жителите на Сен Дени кои од рано изутринава живееа во страв во текот на цели седум часови, конечно можат да здивнат. Полициската акција заврши некаде околу 12 часот.
Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, кој беше на лице место на престрелката, заедно со јавниот обвинител на Париз, Франсоа Молан, потврдија дека се убиени двајца терористи, додека седум се уапсени. Шест припадници на силите на редот се повредени.
Во антитеористичка акција во центарот на Сен Дени, во непосредна близина на Париз, која започна во 4:30 минути, обвинителот потврди дека е убиена една жена-камиказа која самата ја активирала експлозивната направа при интервенцијата на полицијата и второто било убиено од страна на полицијата.
Во Сен Дени заврши обемната полициска акција против терористите во која беа вклучени импресионирачки полициски и армиски сили. Француската полиција, според јавниот обвинител, уапси седум лица, од кои три биле во станот каде се криеле терористите, две во непосредна близина на станот, а двајцата други уапсени се сопственикот на станот и негов близок.
Јавниот обвинител исто така потрвди дека целта на полициската акција во Сен Дени беше апсењето на Абделхамид Абауд, кој се смта за организаторот на атентатите во Париз и Сен Дени на 13-ти ноември. Но, не е потврдено дали тој се наоѓа меѓу уапсените или убиените терористи, чиј идентитет се проверува.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
