Премиерот Груевски се потпиша во книгата на жалост за настраданите во Париз

18.11.2015 17:02

Веднаш по случувањата во Франција, Груевски испрати и телеграма со сочувство до својот француски колега во која истакна дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ...

Премиерот Никола Груевски се потпиша во книгата на жалост  во Француската амбасада во Македонија, која е отворена по терористичките напади во Париз.

Веднаш по случувањата во Франција, Груевски испрати и телеграма со сочувство до својот француски колега во која истакна дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.

Премиерот порача дека нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата,  и врз принципите и вредностите по кои живееме.