На Заев ќе му се суди за примање поткуп

18.11.2015 17:14

Од Кривичниот суд, велат дека Советот за оценка на обвинителниот акт, по детална анализа на сите приговори поднесени од одбраната и по оценка на фактите и доказите предложени од обвинителството, донел одлука со кое обвинението го потврдува...

Прифатено е обвинението со кое лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се товари за поткуп. Од Кривичниот суд, велат дека Советот за оценка на обвинителниот акт, по детална анализа на сите приговори поднесени од одбраната и по оценка на фактите и доказите предложени од обвинителството, донел одлука со кое обвинението го потврдува, додека приговорите на одбраната ги одбива како неосновани.

По ова, предметот ќе биде распореден кај судија од одделението за организиран криминал.

Зоран Заев, како струмички градоначалник, е обвинет дека побарал поткуп од 200 илјади евра за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.