Познати 24 учесници на ЕУРО, ждрепката на 12 декември
По одигрување на последните два реванш натпревари во баражот за Е П во кои пласман во завршницата обезбедија Шведска и Украина, УЕФА ја објави листата на сите земји учеснички и нивните позиции...

По одигрување на последните два реванш натпревари во баражот за Е П во кои пласман во завршницата обезбедија Шведска и Украина, УЕФА ја објави листата на сите земји учеснички и нивните позиции. Франција е автоматски носител во А групата, а покрај домаќинот како носители се уште актуелниот континентален шампион Шпанија, потоа светскиот Германија, Англија Португалија и Белгија. Во вториот сад за извлекувањето ќе бидат Италија, Русија, Швајцарија, Австрија, Хрватска и Украина.
Во третиот се Чешка, Шведскa, Полска Романија, Словачка и Унгарија и во четвртиот најниско рангираните според рејтингот Турцијa, Ирска, Исланд, Велс, Aлбaниa и Северна Ирска. И покрај неизвесната безбедносна состојба во френцуската престолнина ждрепката е закажана за 12 декември во Париз, а Европскиот шампионат ќе биде од 10 јуни до 10 јули на 10 стадиони во Франција.
