Почнува Македонскиот економски самит

19.11.2015 08:55

Најавено е учество на 250 извршни директори, менаџери, инвеститори и петприемачи, како и на повеќе од 35 говорници кои ќе дискутираат за технологијата, бизнисот и лидерството...

Над 250 извршни директори, менаџери, инвеститори и претприемачи ќе учествуваат на дводневната конференција, Македонски економски самит во организација на  „Македонија 2025“ што почна денеска во Скопје.

Поврзувањето на Македонија со поширокиот регион во контекст на глобалните економски движења и нивните влијанија врз земјите во развој, е главната тема на конференцијата.

Претходно „Македонија 2025“ успешно организираше два самити во Охрид, како и два бизнис форуми во Торонто и во Париз.