Нов испит за проценители за тутун

19.11.2015 10:31

Почна пријавувањето за новиот испит за добивање лиценци за проценка на тутунот. Лиценцираните проценители ќе можат да бидат присутни на секоја вага за откуп...

До 26-ти ноември ќе трае пријавувањето за полагање на испитот за добивање лиценци за проценка на тутунот.

Кандидатите треба да имаат високо, вишо или средно образование или  искуство  во производството и обработка на тутунот.

Трошоците за полагање се на товар на кандидатот, а висината на надоместокот е  2.500 денари по проценител.

Испитот се состои од два дела, теоретски кој ќе се врши по електронски пат и практичен.

За откупот годинава на вагите ќе бидат потребни вкупно 434 лиценцирани проценители.

 

Методија Трајков