Мигрантска криза: Засилени контроли на Српско- македонската граница

19.11.2015 10:41

Српските власти почнаа да вршат селекција меѓу мигрантите и бегалците. Според последните, се уште непотврдени информации се пропуштаат бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, додека останатите кои имаат третман на економски мигранти се враќаат на македонската страна од границата...

Засилени контроли на Српско-македонската граница. Српските власти почнаа да вршат селекција меѓу мигрантите и бегалците. Според последните, се уште непотврдени информации се пропуштаат бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, додека останатите кои имаат третман на економски мигранти се враќаат на македонската страна од границата.

Вчера еден таков случај беше забележан со 300 мигранти кои поради селекцијата на српските власти останаа на ничија земја меѓу двете граници.

По последната средба меѓу српскиот премиер и германската канцеларка во Берлин, Вучиќ изјави дека ќе се пропуштаат само бегалците, додека економските мигранти ќе бидат репатрирани.