Прилеп добива модерна и енергетски ефикасна населба

19.11.2015 10:48

Прилеп ќе ја добие модерната населба „Градина“ според сите европски стандарди на енергетска ефикасност, со зеленило и основни институции. Првата млада брачна двојка го постави камен-темелникот повикувајќи ги сите да го остварат сонот за свој покрив над главата...

Тричленото семејство Митрески ги постави темелите на својот прв семеен дом. Осветени, како што е редот. За аирлија. Најголемата желба- свој покрив над главата, од срце  им препорачува да ја остварат сите млади брачни двојки.

„Ги повикувам сите млади брачни двојки во Прилеп да се охрабрат и да инвестираат во свој сопствен дом. Така ќе ја градат својата иднина и нема да се одлучуваат да заминат во странство, ќе останат овсде  и ќе придонесат за развојот на  градот Прилеп“, вели Александра Митреска.

Со ова почна и реализацијата на големиот прилепски проект- европската населба „Градина“. Продадени се 40-ината парцели од првиот модул семејни двокатни енергетски ефикасни куќи, а има уште парцели.

„На граѓаните повторно им ја понудуваме можноста да се стекнат со градежни плацеви токму на оваа локација“, вели Александар Јованоски од ЈП за урбанистичко планирање.

До пролет ќе биде готова и инфраструктурата

„Локалната самоуправа веќе го подготвува тендерот за изградба на внатрешна и надворешна инфраструктура на главната улица која го врзува овој модул на куќи, односно парцели. ќе добиее една современо-урбанизирана населба по европски терк“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Модерната енергетски ефикасна населба „Градина“ ќе зафаќа близу 42 хектари со 368 парцели, училиште, градинка, трговски центар, кино и спортаски терени.

 

Елизабета Митреска