За 24 часа издадени 3.458 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.638, Авганистан 860, Ирак 478, додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа МВР издаде вкупно 3.458 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на странски државјани. Од вкупниот број 1.652 се од машки пол, 652 се од женски, 971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 183 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.638, Авганистан 860, Ирак 478, додека другите се во помал број.
Досега издадени се потврди на вкупно 258.417 странски државјани, од кои, 152.372 се од машки пол, 39.275 се од женски, 53.275 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.495 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 158.986, потоа Авганистан 56.773, Ирак 21.228, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.311, Конго 514, Либан 434, Алжир 452, Нигерија 275, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.