Ден на женското претприемништво

19.11.2015 10:23

Според последната анализа на Здружението, учеството на субјектите основани од најмалку една жена со влог над 50 проценти во вкупниот број новорегистрирани/основани субјекти во трговскиот регистар, во последните сдум години е од 25 до 27 отсто...

Здружението на бизнис жени денеска со пригоден настан ќе го одбележи Денот на женското претприемништво.

Според последната анализа на Здружението, учеството на субјектите основани од најмалку една жена со влог над 50 проценти во вкупниот број новорегистрирани/основани субјекти во трговскиот регистар, во последните сдум години е од 25 до 27 отсто.

Бројот на субјекти во сопственост на жени, над 50 отсто, и бројот на вработени во тие субјекти е многу мал во руралните средини. Овие резултати упатуваат на потребата од креирање мерки за поттикнување на женското претприемништво во Република Македонија особено во делот на зголемување на бројот на вработени во субјектите кои се во сопственост на жени како и поттикнување на деловната активност на жените во руралните средини, велат од Здружението.