Сараево: Осомничениот вахабист се разнесе со бомба во сопствената куќа
Во тек е увид на куќата, пред која пристигнало и семејството на еден од убиените. Се испитуваа дали се работи за терористички или криминален чин...

Заврши драмата во сараевската населба Рајловац. Осомничениот вахабист Енес Омерагиќ, кој уби двајца војници, се разнел со бомба во сопствената куќа, извикнувајќи „Алаху Акбар“, откако полицијата го опколила објектот.
Во тек е увид на куќата, пред која пристигнало и семејството на еден од убиените. Се испитуваа дали се работи за терористички или криминален чин.
Синоќа околу 19.30 часот Омерагиќ ги застрелал со автоматско оружје во обложувалницата „5 плус“, спроти касарната во Сараево. Од скршени стакла се повредени и возач на автобус и двајца патници.
Босанските медиуми ги именуваа загинатите војници како Армин Салкиќ и Недељко Радиќ.
