Прва „Кирилица“ во новата сезона на Македонската филхармонија
Публиката ќе има можност да слушне две дела од припадници на различни генерации македонски музички творци - „Диверзија“ од Кирил Македонски со кое се прославува 90 години од раѓањето на авторот на првата македонска опера, како и премиерната изведба на „Исон“ од младата и афирмирана композиторка Валентина Велковска-Трајановска...

Македонската филхармонија вечер ќе го одржи првиот концерт од циклусот „Кирилица“ во новата сезона.
Публиката ќе има можност да слушне две дела од припадници на различни генерации македонски музички творци - „Диверзија“ од Кирил Македонски со кое се прославува 90 години од раѓањето на авторот на првата македонска опера, како и премиерната изведба на „Исон“ од младата и афирмирана композиторка Валентина Велковска-Трајановска.
Под диригентство на Борјан Цанев, изведени ќе бидат и две дела од Моцарт - Симфонијата „Париска“ и Симфонијата кончертанте за дувачи во Ес-дур, на која како солисти ќе се претстават водачите во оркестарот на Македонската филхармонија, Владимир Лазаревски, обоа, Здравко Ангелов, кларинет, Џијан Емин, хорна и Ванчо Стојановски, фагот.
Сите четворица зад себе имаат завидна концертна кариера.
