Добро балансирана и умерена исхрана за здрав живот
Епидемиолошките анализи потврдуваат, голем дел од болестите се поврзани со начинот на исхрана...

Да се јаде умерено, да се консумира здрава храва. Риба, телешко, мисирикино месо, житни зрна. Да се избегнуваат хамбургери, пржени компирчиња. Секојдневно да има балансирана храна. Граѓаните велат, се приспособуваат на препораките.
„Приготвуваме растително како спанаќ, друг ден месо, риба итн. Никако не го прескокнувам таквиот оброк, особено сега кога сум во таква ситуација.“
„Најмногу јадам зеленчук, месо поретко. Порано јадев многу масно, но сега ми е подобро“, велат анкетираните граѓани.
Епидемиолошките анализи потврдуваат, голем дел од болестите се поврзани со начинот на исхрана.
„Она што е клучно во исхраната е да се јаде умерено. Не може да се каже дека нешто е исклучително здраво или не е здраво, бидејќи она што се смета дека не е здраво му е неопходно на организмот. Целта е само колку се користи количински“, изјави проф. д-р Владимир Какуринов, извршен директор на консалтинг и тренинг центарот „Клуч“.
На социјалните межи постои тренд на понуда на разни лекови кои лекуваат болести. Граѓаните да внимаваат тие не се проверени и не се базирани врз научни докази. Да се консултираат со лекари- се дел од пораките на Конференцијата за безбедност на храна и здравје.
„Добар дел од болестите што се јавуваат кај луѓето, тоа го потврдуваат и сите епидемиолошки анализи се резултат на несоодветна и неадекватна исхрана од една страна, а од друга страна храната која што ја консумираме не секогаш е свежа, од вистински извор или е сертифицирана“, вели д-р Јашар Џенгис, шеф на дијагностички лаборатории на Клиничката болница „Аџибаден Систина“.
На конференцијата за безбедност на храната учествуваа повеќе од 150 научници, истражувачи, експерти, шанса за македонската наука и научници да разменуваат искуства.
Андријана Атанасовска