Потреба од одвојување на економските мигранти од бегалците од воените жаришта

19.11.2015 13:27

Во однос на разграничувањето меѓу мигрантите и бегалците од воените жаришта, заменик- министерот за внатрешни, Чавков ја нагласува оваа неопходност.

Не се поставува нова барикада со жица на македонско-грчката граница. Во врска со информациите за поставување на ограда од бодликава жица на границата со Грција кај Гевгелија, портпаролот на АРМ, Тони Јаневски демантира и вели дека нема поставено барикади. Тој дополнува дека се расчистува теренот во случај на решение за подигнување ограда согласно со заклучоците на македонскиот Совет за безбедност, донесени на 14-ти ноември.

Во однос на разграничувањето меѓу мигрантите и бегалците од воените жаришта, заменик- министерот за внатрешни, Чавков ја нагласува оваа неопходност.

„Се наметнува потреба за редуцирање, односно одвојување на економските мигранти од онаа популација на која има е потребна помош- бегалците од воедните жаришта. Со тоа се наметнува прашањето за текот на движењето на луѓето кои не доаѓаат од Сирија и Авганистан, односно од другите држави, кои практично претставуваат економски мигранти. Само по себе тоа наметнува нови обврски, но таквите обврски нема да биде едноставно да се реализираат, доколку не се намали приливот на мигранти од Грција во Република Македонија, бидејќи само теоретски е возможно со прилив од 9.000 мигранти да имате ефективен пристап во утврдување на потеклото на мигрантите, односно одвојување на економските мигранти од бегалците“, изјави за МРТ заменик- министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Засилени контроли има на српско-македонската граница. Српските власти почнаа да вршат селекција меѓу мигрантите и бегалците. Според последните, се уште непотврдени информации се пропуштаат бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, додека останатите кои имаат третман на економски мигранти се враќаат на македонската страна од границата.