Ременски ги отфрла обвинувањата

19.11.2015 13:38

Ги отфрла шпекулациите што излегле во медиумите дека невработено лице, односно Мила Цароска од СДСМ одговарала на прашања на граѓани...

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска- Ременски тврди дека одговорно лице за управување со официјалната веб страница на министерството има и е вработено во истото. Ги отфрла шпекулациите што излегле во медиумите дека невработено лице, односно Мила Цароска од СДСМ одговарала на прашања на граѓани.

Ги отфрлам шпекулациите дека невработено лице одговара на прашања на граѓани, што не е одговор на прашање во управна постапка, ако мислите на одговор на жалби и поплаки на граѓаните. Таа е вработена во МТСП и со соодветно правно решение е овластена да управува со официјалната елетронска адреса на Министерството, рече Ташевска- Ременски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната Меѓународна конференција за правата на лицата со попреченост.