Меѓународна конференција за правата на лицата со попреченост
Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност организира меѓународната конференција на тема „Конвенција на ОН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“.

Да се подобрат правата и можностите на лицата со попреченост. Размена на искуства и добри практики за влијанието на Конвенција на ОН за правата на лица со инвалидност, во процесот на унапредување и подобрување на правата на лицата со инвалидност од перспектива на владините претставници, националните експерти и НВО секторот од државите во регионот. Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност организира меѓународната конференција на тема „Конвенција на ОН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“.
Бранимир Јованоски, претседател на Националното координативно тело, смета дека на овие лица им е потребна и неопходна помош и поддршка од државата и општеството во вистинско време и на вистински начин.
На конференцијата ќе бидат разменети искуства за функционирањето на моделите за заштита на овие лица, за постигнатите резултати во повеќе земји, со цел се изнајдат најдобрите решенија.