Исламската држава му се заканува на Њујорк

19.11.2015 14:05

САД нудат 5 милиони долари за информација за лидерот на ИД, Абу Мухамед ел Шимали...

Исламска држава објавила видеоснимка во која се наведува дека Њујорк е потенцијална цел на напад, но градските претставници велат дека засега нема „специфични веродостојни закани“. САД нудат 5 милиони долари за информација за лидерот на ИД, Абу Мухамед ел Шимали.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио кој синоќа одржа прес- конференција на Тајмс сквер, заедно со шефот на полицијата Вилијам Братон, рече дека „жителите на Њујорк нема да бидат заплашувани“.

Истакна дека целта на терористите е да се заплашува и да се пореметува демократското општество. „Нема да се повинуваме на нивните желби. Нема да се плашиме и да живееме во страв“, рекол Бартон.

Исламската држава ја објави новата видеоснимка од 6 минути, само неколку дена по нападите во Париз, каде што настрадаа 129 луѓе. На видеоснимката е прикажана бомбаш самоубиец како се подготвува за напад, а во некои кадри се појавуваат и најатрактивните делови на Њујорк, меѓу кои и Тајмс сквер. САД понудиле награда од 5 милиони долари за информација што би довела до лоцирање и препознавање на лидерот на Исламска држава Абу Мухамед Шамали.

Стејт департмент соопшти дека тој овозможувал патувања на потенцијалните борци на ИД од Австралија, Европа и од Блискиот исток до Турција и Сирија.