Ќе се осовременува Природонаучниот музеј
уварот на природните богатства има над 300.000 примероци на животни, инсекти, растенија. Ќе се осовременуваат тематските, постојаните музејски поставки и депоата...

Најстарата музејска институција кај нас, Природонаучниот музеј, ќе се осовременува и ќе се подобруваат условите за работа. Чуварот на природните богатства има над 300.000 примероци на животни, инсекти, растенија. Ќе се осовременуваат тематските, постојаните музејски поставки и депоата. Проектот за санација ќе биде комплетно завршен во 2017-та година.
„Ова се два клучни проекта кои ќе завршат до крајот на 2017 година. Избрана е фирма која ќе ги изведува проектите и веќе од недела ќе почне интензивно со работа“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.
Идната година кога Природонаучниот музеј одбележува 90 години од своето постоење ќе се отвори нова музејска поставка. Директорот на музејот вели дека проектот се реализира според планот.
„Има волја, сила и знаење овде, за се ова да се направи во најдобар можен ред“ изјави Исмет Мехмети, директор на Природонаучниот музеј на Македонија.
Во салата што ќе се реновира, трае изложбата „Чудесниот свет на пајаците“. За два месеца ја виделе над 8.000 посетители, најголем дел од нив, ученици. Во стаклени терариуми се претставени живи, егзотични видови на пајаци од сите континенти.
Александра Перевска