Продолжува проектот за кариерни центри во училиштата

19.11.2015 15:36

Со отворање на овие кариерни центри се обезбедува поддршка во правилното насочување на учениците во изборот на нивното занимање...

Продолжува проектот кариерни центри за советување за натамошна професионална ориентација во средните училишта. Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, го посетија кариерниот центар во СУГС „Васил Антевски- Дрен“.

„Со отворање на овие кариерни центри се обезбедува поддршка во правилното насочување на учениците во изборот на нивното занимање. Крајна цел е кариерни центри да има во  сите средни училишта, затоа и се лиценцираат наставници“, рече заменик- министерот за образование Спиро Ристовски.

„Учениците кои го продолжуваат своето образование во области кои ги сакаат и за кои имаат афинитети, ќе постигнат поголеми резултати во образованието и во кариерата“, истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Досега вакви центри се отворени во 53 училишта, а со учениците работат 180 лиценцирани наставници.