ИРИ: Анкета за спроведување на политичкиот договор

19.11.2015 15:53

Во истражувањето што беше спроведено од 29 септември до 5 октомври на примерок од 1.106 граѓани, 33% од анкетираните сметаат дека политичките партии во целост ќе го имплементираат договорот од Пржино, наспроти 24 насто кои не мислат така...

Повеќе од 60 проценти од граѓаните сметаат дека во земјава има услови за одржување фер и демократски избори, 33 проценти наспроти 24 насто очекува партиите целосно да го имплементираат Договорот од Пржино – Меѓународниот републикански институт ИРИ објави нова анкета.

За 3 проценти се зголемил бројот на испитаници кои сметаат дека актуелниот премиер Груевски заслужува реизбор и за исто толкав процент се намалил бројот на оние кои сметаат дека премиерот не заслужува нов мандат во однос на јуни.

45 насто од анкетираните сметаат дека невработеноста се намалила. Истражувањето на ИРИ покажува дека економската состојба е приоритет за македонските граѓани.

Анкетата е спроведена преку лични интервјуа, во периодот од 29 септември до 5 октомври, на примерок од 1.106 испитаници.