Србија ја затвори границата за економските мигранти

19.11.2015 16:05

Србија ја затвори границата со Македонија за економските мигранти, освен за оние од Сирија, Авганистан и Ирак...

Од полноќ Србија ја затвори границата со Македонија за економските мигранти. Селективно се пропуштаат само бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак. Се враќаат сите кои немаат документ или неможат да го потврдат идентитетот и од која држава доаѓаат. Одлуката на српските власти ја потврди министерот Александар Вулин.

Мораме да ја заштитиме својата земја и затоа почнавме да применуваме реципрочни мерки кон оние лица за кои во Хрвтска и во Словенија нема место.Така што  и ние на границата со Македонија воспоставивме потполно ист режим со кој не дозволуваме влез на лица  од земји за кои во Словенија и во Хрватска веќе им е скратено гостопримството“, изјави министерот за труд, Александар Вулин.

Вулин додаде дека економските мигранти не се враќаат во земјите на потекло, туку на македонската страна од границата, а се пропуштаат само бегалците загрозени со војна- од Сирија, Авганистан и Ирак.

„Проблемот мора да се реши на глобално ниво на целата бегалска рута и ваквите еднострани постапки можат да бидат опасни и  да предизвикаат проблеми“, вели Вулин.

Со оваа одлука на српските власти според УНХЦР- во Македонија се вратени 300 мигранти.

Според досегашните изјави на премиерот Вучиќ, Србија нема да подига жичена ограда кон ниедна земја. А по вчерашниот состанокот на безбедоносните служби министерот на полицијата Стефановиќ, најави остри мерки, без да прецизира какви, најавувајќи подигање на нивото на безбедност.

 

Оливер Бранковиќпостојан дописник од Белград за МРТ