Со низа мерки ќе се намалува смртностa кај родилките и бебињата
Бесплатни гинеколошки прегледи, патронажни служби кај бремени жени од социјално – ранливите категории, ромски здравствени медијатори- промовиран сет мерки за намалување на смртноста на родилките и на бебињата. Од Здравство очекуваат да има резултати...

Бесплатни гинеколошки прегледи и лабораториски анализи за сите трудници, неопходни во текот на бременоста, за кои досега се плаќаа 1.600 денари. Со низа мерки ќе се намалува смртностa кај бремените жени и бебињата. Домашна визита ќе ги посетуваат трудниците од социјално ранливите категории. Последниот извештај покажува од околу 23.500 бремени замо 15.000 се јавиле на прв гинеколошки преглед.
Според последните податоци највисока стапка на смртност е забележана кај жените од ромска популација. Затоа, ромски здравствени медијатори ќе имаат обврска да ги посетуваат трудниците, да ги советуваат и да им закажат најмалку по еден бесплатен преглед. Дополнително, гинеколози од Чаир и од скопската гинекологија еднаш неделно ќе работат во амбулантите во здравствените домови.
Според последните податоци лани починале 233 доенчиња. Иако бројката на смртност се намалува, во однос на предходните години, сепак е аларманта. Министерот Тодоров рече дека за подобрување на здравствената заштита кај мајките и нивните бебиња беа набавени најсовремени гинеколошки апарати во болниците низ земјава. Бремените жени од годинава бесплатно добиваат фолна киселина и јод.
Викторија Милевска