ВМРО-ДПМНЕ почна да собира идеи од граѓаните за изборната програма

19.11.2015 16:41

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ почна да собира идеи од граѓаните за изборната програма. Тимовите тргнаа на терен. Од партијата велат дека отвореноста е начин да се дојде до најдобрите решенија...

Млади, возрасни и бизнисмени ги запишуваа идеите пред пунктот на владејачката  ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Стартуваше кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“. Под овој слоган, владејачката партија ги повикува сите граѓани да ги достават предлозите. Тие ќе помогнат во креирање на програмата за предвремените парламентарни избори и ќе дадат придонес за подобрување на животот во различни сфери на општеството.   

Ставревски изјави дека сите идеи на граѓаните кои се реално остварливи ќе бидат вградени во новата програма за наредните избори.

„Од денес сме на терен во насока на добивање повеќе идеи преку средби со граѓаните, со цел програмата на ВМРО-ДПМНЕ за новите избори, за периодот од 2016-та до 2020-та да биде програма во која ќе се содржат што е можно поголем број на проекти, мерки и идеи на граѓаните на Република Македонија“, изјави Зоран Ставревски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцира дека досега од многубројните предлози на граѓаните биле прифатени идеите за легализација на дивоградбите, за евтин увоз на половни возила, отпис на долговите, со што значително им се подобрил стандардот на илјадници луѓе.

 

Игор Панов