Пријавување данок за земјоделство

20.11.2015 10:06

До 31 јануари 2016-та година земјоделците треба да поднесат барање за паушално оданочување доколку приходот не надминува 1,3 милиони денари. Парите од субвенциите не влегуваат во оваа сума...

Земјоделците кои годинава заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободние од плаќањето данок на доход.

За заработени повеќе од 21 илјада евра даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход.

Доколку земјоделската дејност е дополнително занимање, исто така се плаќа  80 проценти помал данок.

Со паушалната  наплата, според Управата за јавни приходи, на фармерите им се олеснува работата и не мора да водат деловни книги.

Основа за пресметување на данокот е разликата меѓу остварениот вкупен приход и признатите трошоци.

Субвенциите не се вклучени во пресметките.

Методија Трајков