„Тораница“ и „Злетово“ под стечај, има заинтересирани компании за преземање на рудниците
Рудниците со кои стопанисува компанијата индоминерали и метали, одат под стечај. Тоа го барал синдикатот. Оттаму велат дека имаат информации за заинтересирани компании за преземање на рудниците...

Отворен стечај на рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Злетово“ кои ги стопанисува Индиската компанија „Индо минерали и метали“. Стечајот доаѓа како резултат на барањето на синдикатот. Од таму велат дека имат информации оти има заинтересирани компании за преземање на рудниците и оти работниците се сигурни, се очекува сите побарувања кои ги имаат да им бидат валоризирани.
„Никогаш не се знаеше кога ќе биде исплатена платата, ако се исплатеше плата кога ќе бидат придонесите и така се до 24 септември кога се прекина со работа и од тогаш нема никаков интерес од сопствениците“, вели Пеце Ристевски, СИЕР.
Компанијата имала долг од околу 8 милиони евра. Од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) велат дека рударите последниве четири месеци не зеле плата.
Индиската компанија должи и голема сума пари за концесија, неплатена струја, за транспорт на суровините, за неплатени придонеси, за бенефициран стаж на работниците. Рударите стапија во штрајк во септември, а рудниците не работат речиси два месеци.
Дијана Ценевска
