За пет месеци издадени 261.006 потврди за азил

20.11.2015 10:36

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-160.135, потоа Авганистан-57.739, Ирак-21.702...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.589 странски државјани, од кои 1.240 се од машки пол, 482 се од женски, 766 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.149, Авганистан–966, Ирак-474, додека другите се во помал број.

За пет месеци, откако започна издавањето на потврдите, издадени се потврди на вкупно 261.006 странски државјани, од кои, 153.612 се од машки пол, 39.757 се од женски, 54.041 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.596 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-160.135, потоа Авганистан-57.739, Ирак-21.702, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514,  Либан-434,  Алжир-452, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.