Петти ден собраниска расправа за буџетот за 2016-та

20.11.2015 10:45

По завршувањето на расправата што согласно деловникот трае 5 дена, пратениците треба да се изјаснат за дополнетиот предлог-буџет за 2016 година...

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи петтото продолжение на 73-та седница на чиј дневен ред е дополнетиот предлог буџет на земјава за 2016-та. По завршувањето на расправата што согласно деловникот трае 5 дена, пратениците треба да се изјаснат за дополнетиот предлог-буџет за 2016 година.

Според предлогот, вкупните расходи се за 4,7 проценти повисоки од 2015-та година, а вкупните приходи се зголемени за 6 проценти во однос на оваа година.

Се планира намалување на буџетскиот дефицит на 3,2 процента и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и за капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компонента на буџетот.

Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти, при инфлација од  2 процента.