Eсенските посеви добро се развиваат
Овоштарниците, лозовите насади и есенските посеви добро ги поднесуваат временските услови

На житата им треба и снег што би ги заштитил од евентуални зимски студови.
Овошките и виновата лоза не се во опасност од релативно високите температури за овој период од годината.
За да почнат со предвремениот развој, висока температура треба да има повеќе од две недели.
И за есенските посеви нема опасност од топлото време. Земјоделците посакуваат да падне и снег за да ги заштити од студот и да помогне да се акумулира доволна влага за натамошниот развој.
Во Пелагонија каде што житата се најзастапени, посевите се добри.
Според агрометеорологот во Управата за хидрометеоролошки работи Ангелко Ангелески, маглата ја заштити пченицата и не дозволи да се почувствува затоплувањето.
Методија Трајков
