Франција: Пронајдено трето тело од станот во Сен Дени

20.11.2015 12:49

На местото во една торба бил пронајден и пасош на име на Хасна Аитбулахсен, односно жената што се разнесе за време на рацијата, во која беше убиен наводниот мозок на нападите, Абделхамид Абауд...

Уште едно тело, овој пат на жена е пронајдено во станот во париското предградие Сен Дени во коешто полицијата спроведе рација по минатонеделните терористички напади.

На местото во една торба бил пронајден и пасош на име на Хасна Аитбулахсен, односно жената што се разнесе за време на рацијата, во која беше убиен наводниот мозок на нападите, Абделхамид Абауд.

Франција  претходно поднесе нацрт-резолуција во Советот за безбедност на ОН која предвидува преземање на „сите неопходни мерки“ против групата Исламска држава.

Со тоа се повикуваат земјите да ги „удвојат и координираат своите напори за да ги запрат терористичките активности извршени од ИД.

Претседателот Франсоа Оланд нареди интензивирање на воздушните напади против ИД во Ирак и Сирија.