Доналд Туск в недела во Македонија, мигрантската криза во фокусот

20.11.2015 12:58

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, в недела доаѓа во Скопје. Планирана е средба со шефот на државава Иванов и со премиерот Груевски. Претходно Туск ќе има средби со државниот врв на Србија и на Албанија. Брисел јавно не ги соопштува причините за итната мини турнеја, но се претпоставува дека ќе се разговара за бегалската криза. Ова ќе биде прва посета на Туск на земјава...

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск викендов ќе ги посети Србија, Албанија и Македонија- потврди официјален Брисел. Сепак од прес-службата на Европскиот совет сеуште нема детали за разговорите со државниот врв на овие балкански држави.

Итната одлука за посета на регионот, следеше по најавата за заворање на границите за економските мигранти, односно за оние лица кои потекнуваат од неконфликните земји. Средбата со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски е во недела попладне, одкако Туск ќе ја заврши посетата во Албанија. Ден претходно, претседателот на Европскиот совет ќе се сретне  со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Веќе во понеделник, македонскиот претседател Ѓорге Иванов заминува на работна посета во европската престолнина, на средба со првиот заменик на Јункер, потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, а во вторник закажан е состанокот со Генералниот секретар на НАТО алијансата, Јенс Столтенберг.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ