МВР: Состојбата на границите е стабилна, од Табановце за 24 часа транзитирале 2.715 мигранти

20.11.2015 13:04

Во прифатниот центар Табановце пристигнати и заминати се 2.715 мигранти. Во моментов таму се стационирани 280 лица...

Изминативе 24 часа состојбата на северната  и јужната граница е стабилна и мирна, информираат од МВР. Во прифатниот центар Табановце пристигнати и заминати се 2.715 мигранти. Во моментов таму се стационирани 280 лица.

На јужната граница, во центарот во Гевгелија има 500 мигранти кои чекаат да заминат од земјава. Од грчка страна за влез чекаат околу 2 илјади лица.

Од МВР соопштуваат, од изутрина нема вратено ниту едно лице од српската страна на границата. Овие бројки постојано се менуваат, велат во МВР.