Изработена првата педолошка карта

20.11.2015 13:53

Министерството за земјоделство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на ОН – ФАО ја изработи оваа карта во печатена и дигитална верзија...

Македонскиот почвен информациски систем ја доби првата педолошка карта. Министерството за земјоделство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на ОН – ФАО ја изработи оваа карта во печатена и дигитална верзија.

Таа треба да овозможи детални информации за видот на почвата и нејзините својства. Од идната година нејзината примена треба да помогне во зголемување на конкурентноста на земјоделсто производство.