САД: За прв пат одобрено одгледување на генетски модифициран лосос
Лососот на Aqua Bounty Technologiеs нема да биде посебно означен затоа што има исти нутритивни вредности како конвенционалниот, објави FDA .

Американските здравствени власти одобриле одгледување на генетски модифициран атлански лосос за човечка прехрана, што е прво такво одобрување за животински вид чијшто ДНК е научно модифициран.
Пред 5 години Американската управа за храна и лекови (FDA) објави дека производот на компанијата од Масачусетс Aqua Bounty Technologies e безбеден исто како и конвенционално одгледаните атлански лососи.
Лососот на Aqua Bounty Technologiеs нема да биде посебно означен затоа што има исти нутритивни вредности како конвенционалниот, објави FDA .
Генетски модифицираниот лосос расте два пати побрзо од традиционално одгледаниот. Комбинирани се гените на атланскиот и пацифичкиот лосос и на американскиот океански костреж. Се очекува дека за две години дека ќе дојде до потрошувачите.
Поборниците за органска храна се плашат дека рибата може да биде опасна за здравјето и околината, а неколку трговски мрежи биле резервирани во однос на продажба на таква риба.
Активистите на здружението „Пријатели на земјата“ проценуваат дека во лабораториите во светот моментално се развиваат најмалку 35 други видови генетски модифицирани риби, пилиња, свињи и крави.
