Нова донација од Чешка за мигрантите кои транзитраат низ земјава
Ова претставува втора донација од Чешката Република, која заедно со претходната, има вкупна вредност од 125 илјади евра...

Полицијата доби донација од Чешка. Донираната материјалната помош се состои од 2 генератори за струја, 10.000 ќебиња, 5.000 мантили за дожд, 4.880 изотермални фолии, 500 термални подлоги за вреќи за спиење, 500 навлаки од вреќи за спиење, 500 вреќи за спиење.
Ова претставува втора донација од Чешката Република, која заедно со претходната, има вкупна вредност од 125 илјади евра.
Декларација за донација од Чешката Владата во насока на обезбедување на соодветен хуманитарен третман на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија ја потпиша државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска, и амбасадорот на Чешка во земјава, Мирослав Рамеш.
