Мигрантска криза: Македонија добро се справува со ситуацијата на терен
Додека голем број земји ги затвораат границите за бегалците, во Скопје се дебатира за овој глобален проблем. Не се очекуваат позначителни поместувања во однос на мигрантската криза. Од УНХЦР велат дека се постојано во Гевгелија, го мониторираат целиот процес и им се дава помош на мигрантите. Нивната цел е тие да транзитираат кон Германија, а не да останат на Балканот . Од ЕУ тврдат дека финансиски им се помага на земјите кои се најмногу погодени од кризата...

Македонија добро се справува со ситуацијата на терен во однос на протокот на бегалците – генерална оценка од дебатата во Скопје. Неопходно е да се создадат подобри услови во пресрет на зимата. Европската унија смета дека државите мора да усвојат нов пристап и механизми, па дури и национални стратегии, за да се справат со мигрантската криза.
„Повеќе од милјарда долари се мобилизирана за оваа цел и земјите да им дадат поддршка на бегалците. Сметам дека треба да се зголеми улогата на граѓанското општество“, вели Јаромир Левичик, ЕУ.
Од УНХЦР велат дека 24 часа се присутни на границата во Гевгелија. Им се пружа помош на бегалците, но и на Македонија, за полесно да се справи со оваа состојба. Не се очекуваат позначителни поместувања, од неколку фактори зависи дали ќе ексалира кризата со мигрантите.
Од средниот исток, миграните патуваат до Грција, преку Турција и земјите на Западен Балкан стигнуваат до Европа. Балканот не е таргет туку транзит, а целта е Германија. Најголемиот дел од мигрантите доаѓаат од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан и Иран, најголем дел од нив се мажи.
За состојабата со мигрантската гриза дебатираа преставници на Европската унија, како и на домашни и меѓународни фактори.
Викторија Милевска
