Македонија има потенцијал за развој на агробизнисот
Освен во автомобилската и ИТ индустријата, Македонија има потенцијал за развој на агросекторт. Трендот на органско производство во светот треба да се искористи и во земјава, велат учесниците на самитот Македонија 2025. За учество на глобалниот пазар важна е иновативноста, квалиетот и конкурентноста на цените.

Освен автомобилската и традиционалните индустрии, Македонија има потенцијал за развој и на агросекторот. Трендот на органското производство во светот треба да се искористи и во земјава, велат говорниците на самитот „Mакедонија 2025“. За учество на глобалниот пазар важни се иновативноста, квалитетот и конкурентноста на цените.
Според мотивацискиот говорник Томи Ахонен и информатиката и мобилните технологии можат да го динамизираат развојот на земјата.
Голем оптимист за македонската економија е и Лу Наумовски, бизнисмен од Русија со македонско потекло. Вели дека Македонија има подобри услови за водење бизнис отколку земјите во регионот.
На еден од најзначајните бизнис настани во земјава учествуваат околу 40 експерти и 250 менаџери, инвеститори и претприемачи кои доаѓаат од 20 земји. Целта е да се трасира патот за развој на домашната економија.
Сунчица Николоска
