Последен ден за расправа за предлог буџетот

20.11.2015 15:39

Во Собранието, последен ден за расправа за предлог – буџетот за 2016-та година. Се зголемуваат средствата за пензии и социјала, но има и повеќе пари за капитални инвестиции, како дел од развојната компонента на државната каса. В година се очекува економски раст од 4 проценти...

Реплики и контрареплики, пратениците од мнозинството и опозицијата на различни позиции за државната каса в година. Од ВМРО-ДПМНЕ велат – капиталните инвестиции се од големо значење, се штити и стандардотна граѓаните. Социјалната парична помош е зголемена споредено со изминатите години.

За опозицијата ваквиот буџет не е остварлив, парите се трошат нерационално, а сиромаштијата тропа на вратата на многу семејства. И со овој буџет ќе се задолжат граѓаните.

Со предлог буџетот за идната година се обезбедени пари за зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот.

Приходите се зголемени за 6, а расходите за 4,7 проценти. Се планира намалување на буџетскиот дефицит на 3,2 проценти.Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 процента.

Дијана Ценевска