СОС Детското село ќе им помага на децата- бегалци

20.11.2015 15:06

Светот и понатаму е неправично место за живеење за најсиромашните и најобесправени деца, и покрај големиот напредок постигнат по усвојувањето на конвенцијата за правата на детето. На Светскиот ден констатација - најобесправени се децата бегалци и мигранти. СОС Детското село почнува со проект за помош на овие лица во прифатниот центар на Табановце...

Еден ден ќе станам ѕвезда на Арсенал  - ова е сонот на 14-годишниот Трајче Пеев. Ги положил сите испити и сега е дел од  Првата фудбалска академија. Некогаш бил штитеник на СОС Детското село, а денес има топол дом и семејство кое безрезервно го поддржува за да ја оствари својата амбиција.

Трајче ќе добие поддршка и од Министерството за труд и социјална политика.

И на децата- бегалци им е потребна љубов и поддршка. Од СОС Детското село велат дека и нив им се обрнува особено внимание. Почнува проектот за помош на овие лица во прифатниот центар на Табановце.

Во Центарот ќе можат да се одморат и да им биде обезбедено она што им е најпотребно. Ќе има и креативно катче во кое децата бегалци ќе можат барем за миг да ги заборават траумите низ кои минуваат.

 

Александра Перевска