Царината откри фабрика за производство на фалсификувани патики
Женски, машки и детски модели од брендовите Најк, Адидас и Ол- стар на ангро се произведувале во скопски Чаир. По добиени сознанија дека нелегална фабрика е инсталирана во подрум од зграда, истражните тимови на Царината упаднале додека работниците правеле патики...

Изнајмиле подрум во зграда и си направиле фабрика за фалш патики. Женски, машки и детски модели од брендовите Најк, Адидас и Ол- стар на ангро се произведувале во скопски Чаир. По добиени сознанија дека нелегална фабрика е инсталирана во подрум од зграда, истражните тимови на Царината упаднале додека работниците правеле патики.
Со цел да го прикријат нелегалниот бизнис , фабриката работела по неколку дена во неделата и тоа обично пред пазарни денови. Засега нема информација дали патиките се продавале во земјава или биле наменети за странскиот пазар. Истрагата е отворена за да се утврди колку лица се инволвирани.
Анита Димитријевска
