Отворен конкурсот за студентски стипендии
Пријавувањето ќе трае до 27 ноември. За оваа и наредната година ќе бидат поделени 2.905 стипендии. Резултатите ќе бидат објавени на 30 декември...

Студентите можат да аплицираат за стипендии. Министерството за образование објави конкурс. Пријавувањето ќе трае до 27 ноември. За оваа и наредната година ќе бидат поделени 2.905 стипендии. Резултатите ќе бидат објавени на 30 декември.
По 3.300 денари ќе добиваат студентите од социјалните категории, односно од семејства корисници на социјална парична помош или друг вид поддршка од државата.
4.400 денари месечно се стипендиите наменети за студентите кои постигнале висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од најмалку 8.50, а за студентите на општествените науки и уметностите најмалку 9.00 просечен успех. 6.050 денари ќе добиваат студенти кои постигнале висок успех во учењето најмалку 9.00 просек, а се запишани на студиски програми по информатика.
3.300 денари се наменети за студенти запишани на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките или медицинските науки, кои постигнале просечен успех најмалку 7.00.
Наташа Јанчиќ
