Собранието го донесе Буџетот за 2016 година
Со предлог буџетот за идната година се обезбедени пари за зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот...

Собранието на Република Македонија го донесе Буџетот за 2016 година, со 66 гласови „за“, 28 гласови „против“, без воздражни. По скратена постапка беше донесен и Законот за извршување на буџетот за 2016 година.
За опозицијата ваквиот буџет не е остварлив, парите се трошат нерационално, а сиромаштијата тропа на вратата на многу семејства. И со овој буџет ќе се задолжат граѓаните.
Пред гласањето се обрати вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој им се заблагодари на пратениците за дискусиите.
На пратениците од опозицијата за сите конструктивни дискусии кои сметам дека ги имавме во текот на овие пет дена, и да се заблагодарам на сите пратеници од позицијата кои со извонредно познавање и аргументи зборуваа за буџетот. И на тие што нема да гласаат за буџетот, и на тие што ќе гласаат, би сакал да се заблагодарам. Буџетот ќе биде во корист на граѓаните на Република Македонија, рече Ставрески.
Со предлог буџетот за идната година се обезбедени пари за зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот.
Приходите се зголемени за 6, а расходите за 4,7 проценти. Се планира намалување на буџетскиот дефицит на 3,2 проценти.Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 процента.
