Неготино добива индустриска зона, заинтересирани кинески и корејски компании

21.11.2015 17:58

Неготино добива нова индистриска зона. Поставен е камен темелник што го означува стартот на изградбатата на кој присуствуваше премиерот. Зоната има атрактивна местоположба во близина на автопатот, регионален пат и железничката пруга на површина од 30 хектари со можност за изградба на 26 објекти. За позитивните ефекти од изградбата на зоната, според премиерот, најдобро говори фактот што досега се продадени сите 17 парцели...

На површина од 30 хектари ќе се гради новата индустриска зона во Неготино, наменета за лесна, незагадувачка индустрија. Сите 17 парцели се продадени. Очекувањата се новите фабрики да ја зајакнат конкуренцијата и да ги зголемат платите на работниците во тиквешкиот регион.

Теренот нуди можност за изградба на 26 објекти. Со пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, постои можност за проширување на зоната за нови 40 хектари.

Инвеститорот посочи дека за новата зона се заинтересирани кинески и корејски компании. Идејата е да се изгради голема продавница каде ќе се спојуваат делови кои ќе пристигнуваат на Солунското пристанише.

На новинарско прашање дали и идната година ќе продолжи поддршката за малите и микро фирми, премиерот Груевски најави нови грантови кои ќе придонесат за вработување на 200 работници. Досега преку оваа мерка се вработени 580 луѓе во 370 компании.

Новина е и тоа што од в година ќе стартува изградбата на пет експресни патишта кои ќе ги задоволуваат стандардите на автопатски делници. Проектот ќе чини околу 300 милиони евра, а со модерен асфалт ќе се поврзат Штип и Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – К. Паланка, Градско – Прилеп и Охрид – Пештани.

Градбата според најавата треба да започне најдоцна до средината на идната

година.

Во рамки на посетата на Неготино, Груевски се сретна со жителите на Криволак, а изврши и увид во градежните работи на патот што го поврзува ова село со Неготино.

Анита Димитријевска